Самостојна изложба на Елизабета Линднер Костадиновска во Concept 37
- Детали
- вторник, 16 мај 2017
По повод наградата која Concept 37 и ја додели на Елизабета Линднер Костадиновска на третото издание на саемот за современа уметност - Паратисима Скопје 2016, на 17.05.2017, во 20:00, во просториите на арт-кафе Concept 37 ќе се отвори самостојна изложба на уметницата.
Наградата и беше доделена за колажот со текст "State of Art" (2015).
На изложбата, посетителите ќе имаат можност да видат колажи со текст, цртежи, цртежи со текст, текст со цртежи и слично. Тоа се "техниките" на делата од кои произлегуваат и експериментални текстови/песни.
Освен актуелните дела, изложени ќе бидат и „ликовни документи“ од далечното минато на авторката.
По официјалното претставување и отворање, ќе следи забава со DJ Шурбе и специјално одбрана плејлиста.
Изложбата ќе биде од продажен карактер, а за сите заинтересирани посетители истата ќе биде поставена во наредните 7 дена.
Елизабета Линднер Костадиновска е родена во Скопје, 1971. Дипломирала Германистика на Универзитетот во Скопје (2001), потоа заминaла во Германија каде студирала Современа Германска Литература и Славистика на Универзитетот во Регенсбург, каде во 2005 и магистрирала. Во 2006 година се преселува во Берлин, каде оттогаш живее и работи самостојно како литературен преведувач, книжевен уредник, поетеса, авторка, уметница, но интензивно соработува на проекти во Скопје, особено со “Блесок” и Игор Исаковски.
Добила повеќе награди и бројни стипендии за литературен превод, превела повеќе од 22 книги на македонски, пишува и преведува поезија на германски, уредник е на порталите СловоКулт. Објавила текстови на македонски и германски во списанија, а нејзините уметнички дела учествувале на повеќе групни изложби во Берлин, Скопје и на Бош Фестивалот во Гевгелија. Делата содржат експериментални песни/текстови и нивни преводи.
Ова е нејзина прва самостојна изложба, награда од Пратисима Скопје 2016 и арт-кафе Концепт 37
Повеќе за настанот на следниот Facebook ЛИНК.