Започнува последната серија тренинг обуки во рамките на Ерасмус+ проектот „Млади маркетинг полисмејкери за одржив развој“

Во функција на промовирање на економските потенцијали на Република Македонија. Денеска во Струга  започнува последната од серијата тренинг обуки кои се организираа во рамките на Ерасмус+ проектот „Млади маркетинг полисмејкери за одржив развој (Youth Marketing Policy Makers for Sustainable Development - YouMUST)“, подржан од Европската комисија.

zapocnuva-poslednata-serija-trening-obuki-vo-ramkite-na-erasmus-proektot-mladi-marketing-polismejkeri-za-odrzliv-razvoj-1.jpg

Основна цел на проектот, кој се реализира во периодот од 01 август 2016 до 30 септември 2017 година на повеќе локации Република Македонија е продлабочување на маркетинг знаењата преку подобро взаемно претставување и информирање во функција на директно поврзување на економиите на државите – учеснички во проектот кои доаѓаат од три континети: Африка, Азија и Европа.

Во проектот учество земаа повеќе од 100 маркетинг лидери од 11 држави и тоа од Бугарија; Гана; Киргистан; Непал; Полска; Романија; Хрватска; Словачка; Словенија; Чешка република и од Македонија.

zapocnuva-poslednata-serija-trening-obuki-vo-ramkite-na-erasmus-proektot-mladi-marketing-polismejkeri-za-odrzliv-razvoj-2.jpg

Во наредните седум дена 32 учесникa, пред се, ќе се фокусираа на современите трендови за зголемување на креативноста и на организационите капацитети во функција на продлабочување на маркетинг практиката во имплементацијата на трите столба на одржливиот развој: економските, социјалните и бенефитите за одување на животната средина, особено преку користењето на социјалните мрежи.

Координатор на проектот е Асоцијацијата за истражување, едукација и развој „Маркетинг порта“ - Скопје.

zapocnuva-poslednata-serija-trening-obuki-vo-ramkite-na-erasmus-proektot-mladi-marketing-polismejkeri-za-odrzliv-razvoj-3.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg