Рамстор Мол со богата понуда за одбележување на денот на жената
- Детали
- понеделник, 06 март 2017
Разубавување, попусти, модна ревија, подароци ја сочинуваат богатата понуда на новата кампања на Рамстор Мол која започнува денес (06.03) и ќе трае се до Меѓународниот ден на жената 8-ми март. Во рамки на кампањата “Центар за сите нејзини желби” трговскиот центар во буквална смисла на зборот ќе ги разнежи припадничките на понежниот пол.
“ Секоја жена заслужува постојано да биде чувана, негувана, среќна и затоа во месецот на жената, прекрасниот март Рамстор Мол подготви тридневна кампања во рамки на која секоја дама посетител на трговскиот центар ќе добие посебно внимание. Се потрудивме да осмислиме активности во рамки на кои ќе понудиме вистинско уживање за дамите и едно поинакво шопинг искуство во нашиот трговски центар”, велат претставници од Рамстор Мол.
Овие три дена посетителите на трговскиот центар ќе имаат можност да купуваат во своите омилени продавници по намалени цени од 20% до 40% на женските колекции низ продавниците во Рамстор Мол. Во рамки на кампањата ќе се одржи и базар на рачни ракотворби, модна ревија на брендот НАНА во вторник (07.03) со почеток во 19.00 часот, а водител на настанот ќе биде Марјана Станојковска.
Дамите ќе имаат на располагање и посебен корнер за разубавување обезбеден од парфимеријата Еликсир, а ќе се одржи и натпревар за најјунак жена преку кој три дами ќе добијат вредни подароци како што се: Летање со параглајдер, вечера во Дистрикт ресторанот и спа третман за двајца во хотел Мериот, како и козметички подароци од Еликсир.
Драги дами од 06 до 08 март дојдете во Рамстор мол заедно да прославиме еден поинаков 8 март во центарот за сите нејзини желби!