Спортски предизвик за најдобрите! Adidas „Blue Blast“ натпревар за македонските фудбалски клубови во Тетово и Скопје
- Детали
- петок, 10 февруари 2017
Спортските настани се секогаш главна тема кај љубителите на спортот, а нешто за кое што дефинитивно ќе се зборува се два несекојдневни настани кои се спој на забава, спорт и фер правила.
Викендов ни претстои уникатна забава и спортско другарување со едни од најдобрите млади македонски фудбалери и фудбалски клубови. Со почеток во 12 часот до 15 часот оваа сабота (11.02.2017) на плоштадот во Тетово (Sport Vision, на плоштадот) ќе се оддржи награден предизвик помеѓу ФК Тетекс Тетово, ФК Шкендија и ФК Гостивари, а со почеток во 13 часот и 30 минути до 16 часот и 30 минути, во недела (12.02.2017) во Sport Vision во Скопје Сити Мол фудбалерите на ФК Работнички, ФК Вардар, ФК Ѓорче Петров и ЖФК Драгонс ќе си ги одмерат силите и издржливоста во натпревар за најдолго жонглирање. Учесниците ќе бидат на возраст до 14 години.
Некои фудбалери се родени да имаат целосна контрола над играта, па затоа и најдобрите клубови на крајот ќе бидат наградени со Адидас копачки, фудбали, патики и шишенца.