За последен пат оваа година во Македонија – Златна бубамара на популарноста

za-posleden-pat-ovaa-godina-vo-makedonija-slatna-bubamara-na-popularnosta-01.jpg

Популарното скопско Радио Бубамара најавува:

Сè е подготвено за празнување на големиот јубилеј 20 години Златна бубамара на популарноста.

На 20 февруари во Метрополис-арената ќе се одржи јубилејното 20. издание од нашата најпопуларна и најгледана манифестација Златна бубамара на популарноста.

Публиката со нетрпение го очекува годинашново специјално издание на Златна бубамара, манифестација што на хумористично-сатиричен музички начин ја раскажува изминатата година, придружено со аплаузи и овации за наградените.

za-posleden-pat-ovaa-godina-vo-makedonija-slatna-bubamara-na-popularnosta-1.jpg

Специјалниот штаб за добра забава предводен од јавниот обединител Ранко Петровиќ гордо најавува неповторливо шоу во кое публиката првпат ќе види нешто што досега не е видено во музичко-забавниот свет. Ако се прашувате „Што е тоа?“, мотото на манифестацијата е „Што ќе биде, нека биде!“.

Во изминативе 19 години секое издание на Златна бубамара се раскажува и се прераскажува со години и со децении, тоа по многу работи е единствен и уникатен музички културен настан што успеа да изгради традиција на успешна манифестација, која гледачите со радост ја очекуваат.

За последен пат оваа година во Македонија – Златна бубамара на популарноста:

za-posleden-pat-ovaa-godina-vo-makedonija-slatna-bubamara-na-popularnosta-2.jpg

za-posleden-pat-ovaa-godina-vo-makedonija-slatna-bubamara-na-popularnosta-3.jpg

za-posleden-pat-ovaa-godina-vo-makedonija-slatna-bubamara-na-popularnosta-4.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg