Македонската филхармонија ќе изведе филмска музика од познати руски филмови

По серијата успешни концерти на филмска музика Македонска филхармонија со уште едно изненадување за скопската публика Македонската филхармонија ќе изведе филмска музика од познати руски филмови.

makedonskata-filharmonija-kje-izvede-filmska-muzika-od-poznati-ruski-filmovi-01.jpg

Под наслов „Гротеска“, на 26 јануари во Домот на АРМ во 20 часот, Македонската филхармонија приредува несекојдневен музички настан. Под диригентската палка на неповторливиот Емил Табаков од Бугарија, оркестарот ќе изведе две мошне атрактивни дела кои прв пат ќе прозвучат на македонската музичка сцена. Станува збор за оркестарската свита „Гогољ“, како и за оркестарската свита „Зајадливец“ од руските музички мајстори Алфред Шнитке и Дмитриј Шостакович

makedonskata-filharmonija-kje-izvede-filmska-muzika-od-poznati-ruski-filmovi-1.jpg

„Изведбата на филмската музика до сега се покажа како еден од омилените настани меѓу нашата публика, па продолжуваме во тој дух со слични концертни изведби со тоа што овој пат ќе се осврнеме кон руските модернисти. Не случајно ги одбравме руските музички мајстори Алфред Шнитке и Дмитриј Шостакович кои користат музички јазик со колосална емотивна моќ. Можеби овој музички избор не е толку популарен како што тоа го направивме со претходните концерти, но нашата цел е на македонската публика да и откриеме цел нов свет на врвни филмски музички дела а не само веќе препознатливи мелодии“ , изјави Маја Чанаќевиќ, директор на Филхармонијата.

Музиката на руско-германскиот композитор Алфред Шнитке (1934-1998) зрачи со тензија. Тој умее да пренесе чувство на конфликт и интрига, а токму тоа е карактеристично во оркестарската свита „Гогољ“ која се обидува да го наслика големиот руски писател и која уште на самата премиера поминала со голем успех. Всушност, музиката на Шнитке критиката ја опишува како најдоброто портретирање на делата на Гогољ.


makedonskata-filharmonija-kje-izvede-filmska-muzika-od-poznati-ruski-filmovi-2_copy.jpg

Оркестарската свита „Зајадливец“ пак, од рускиот композитор Дмитриј Шостакович, е создадена за рускиот истоимен филм (1955) базиран врз новелата на англиската писателка и музичарка Етел Лилијан Војнич, а во режија на Александар Фаинцимер. Инспириран од „Медитација“ од операта „Таис“ на Жил Масне, ставот „Романса“ носи прекрасна, елегантна и мирна мелодија во соло виолината и тој е, всушност, најпознат за пошироката јавност, бидејќи е искористен во неколку ТВ-шоу емисии. Шостакович со право го нарекуваат рускиот Џон Вилијамс, затоа што помеѓу 1929 и 1970 година создал повеќе од 30 дела за разновидни филмски остварувања, меѓу кои и музиката за „Зајадливец“, која се сметала за најголем хит. Филмот постигнал огромна популарност во поранешен СССР.

Цената на билетите е 300 денари и можат да се набават на билетарницата на Домот на АРМ или онлајн преку веб страницата: http://www.mktickets.mk/%D0%B3%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%B5%D1%81%D0%BA%D0%B0

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg