Се одржа традиционалниот новогодишен базар на Посебното основно училиште „Д-р Златан Сремец“

Во петокот (23.12) се одржа традиционалниот новогодишен базар на училиштето за деца со посебни потреби „Д-р Златан Сремец“ под мотото „Ден за насмевки“, оваа година помогнат од Direct Media Skopje и Ramstore Mall.

se-odrza-tradicionalniot-novogodisen-bazar-na-posebnoto-osnovno-uciliste-dr-zlatan-sremec-2.jpg

На настанот беа изложени прекрасни ракотворби со новогодишен мотив изработени од учениците - честитки, украси како и многу вкусни новогодишни колачиња. Материјалите, што им беа потребни на вредните деца за ракотворбите, ги обезбеди Direct Media, додека Ramstore Mall отстапи изложбен простор во детското катче на трговскиот центар.

se-odrza-tradicionalniot-novogodisen-bazar-na-posebnoto-osnovno-uciliste-dr-zlatan-sremec-1.jpg

Целта на овој добротворен настан беше да се подигне свеста за потребите и предизвиците со кои се соочуваат овие деца и нивните семејства. Големата посетеност во целост ги оправда очекувањата. И навистина беше ден за насмевки, како за посетителите така и за учениците.

se-odrza-tradicionalniot-novogodisen-bazar-na-posebnoto-osnovno-uciliste-dr-zlatan-sremec-4.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg