Предновогодишно чоколадно уживање на „Чоколенд“ во Веро центар

Чоколади, чоколадирани производи и други слатки задоволства по промотивни цени, ќе им бидат достапни на потрошувачите на Веро кои во следните денови ќе ја посетат манифестацијата „Чоколенд“.

prednovogodisno-cokoladno-uzivanje-na-cokolend-vo-vero-centar-1.jpg

Традиционалната манифестација, којашто Веро ја организира повеќе години наназад, годинава ќе се одржува од 22 до 30 декември. Во рамките на „Чоколенд“ ќе бидат изложени најпознатите брендови на чоколади и слатки на најреномираните производители од земјава и од странство кои ќе може да се купат по промотивни цени. Ќе се организираат и промоции на нови вкусови, како и на нови, квалитетни производи. Посетителите на манифестацијата ќе уживаат во вкусовите на брендовите „сникерс“, „марс“, „милки веј“, „баунти“, „свислион“, „киндер“, „кандит“, „бахлсен“, „кавис“, на слатките производи на „Пастел“ и на многу други производители.

- Досегашното искуство ни покажа дека во Македонија има многу љубители на чоколадото кои со задоволство купуваат чоколадни производи и уживаат во нивниот вкус. Тука не спаѓаат само децата, туку и возрасните. Токму поради бројните љубители на чоколадото, „Чоколенд“ стана традиционална манифестација на којашто се радуваат граѓаните, но и сите ние во компанијата, особено затоа што се организира во најубавиот претпразничен период. Навистина е големо задоволство кога на едно место можете да ги најдете најреномираните брендови чоколади и да ги купите по промотивни цени – велат од менаџментот на Веро.

За сите посетители на „Чоколенд“ и фановите на фејсбук-страницата Веро организира слатко задоволство. Секој посетител на манифестацијата што ќе купи од изложените производи ќе извлече една од напишаните чоколадни пораки и да се фотографира со неа во поза која што според него е најинтересна. Фотографијата со чоколадната порака треба да ја постира на фејсбук-страницата на Веро маркети со хаштаг #verochocoland. Стручно жири од претставници на компанијата ќе ја избере „најслатката“ фотографија, а нејзиниот автор ќе добие кутија полна со чоколади.

- Предновогодишниот период е време на дарување и на споделување позитивни пораки. Затоа и дарувањето на вистинските љубители на чоколадо е можност тие да уживаат во нивните омилени слатки вкусови – велат од менаџментот на Веро.          

За најмладите посетители на „Чоколенд“, освен уживањето во најквалитетните чоколадни вкусови, ќе биде обезбедена и дополнителна забава. На чоколадното игралиште децата ќе може да се натпреваруваат во популарната игра „школка“. Сите настани на Чоколенд ќе бидат дел од богатата предновогодишна атмосфера во Веро центар и многубројните празнични случувања наменети за посетителите.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg