Македонија воодушевена од Јоксимовиќ
- Детали
- петок, 02 декември 2016
Вчеравечер во МНТ се одржа првиот од најавените 4 концерти на најпопуларниот машки изведувач во регионот, Жељко Јоксимовиќ. Од првата до последната џез или свинг варијанта на веќе познатите поп, рок и фолк песни, публиката возбудено го наградуваше со аплауз трудот на Јоксимовиќ.
Полната сала беше доказ дека Жељко Јоксимовиќ успева во намерата предновогодишно да ги разубави македонските денови.
Со повеќе од 40 музичари на сцена, нешто повеќе од час и половина и 24те песни со нов аранжман, публиката уживаше еден сосема поинаков концерт во интимната атмосфера на театарот.
Остануваат да се реализираат уште 3 концерти од проектот на Јоксимовиќ, насловен "Два света". Стартот и на останатите три концерти е 20.30.