ЕЕСТЕК Академија - втор модул “Интернет Безбедност”
- Детали
- среда, 09 ноември 2016
Студентската организација ЕЕСТЕК ЛК Скопје од 1 Октомври започна со реализирање на серија бесплатни курсеви кои ќе бидат достапни за ограничен број на студенти на УКИМ. Вториот модул - Интернет безбедност ќе биде во периодот од 15ти до 23ти Ноември.
Серијата од различни модули под името ЕЕСТЕК Академија се реализираат на техничкиот кампус на УКИМ. Предавањата на секој од овие курсеви се на атрактивни теми, а нивната реализација ја вршат гостински предавачи или во соработка со факултети и компании. Идејата за реализација на овој проект е на студентите да им се понуди моќно комплементарно образование надвор од академската програма, а со цел тие да ги прошират своите видици и да постигнат лично надградување и развој.
Темите кои беа обработени со првата ЕЕСТЕК Акедемија овозможија учесниците да се стекнат со знаења на теми кои не се опфатени со образовниот систем. Академијата вклучува вкупно 5 посебни модули со кои ќе се продолжи и оваа година, на уште поатрактивни теми кои им недостасуваат на студентите во образовниот систем. За секој од модулите има посебно пријавување и селекцијата за учество.
Дали те интересира како безбедно се чуваат податоците на cloud? Сакаш да дознаеш што се е потребно за една компјутерска мрежа да биде сигурна? Или можеби се прашуваш како функционираат енкриптираните instant messaging пораки?
ЕЕСТЕК Академија со големо задоволство го претставува својот втор модул – Интернет Безбедност! Пријави се на овој линк и дознај што се’ се случува во позадина кога сурфаш на интернет.