Започна првиот “ФЕСТИВАЛ НА ВИНОТО” во комплексот Македонско Село

21.10.2016 - Ѕвездено небо, панорамски поглед на градот, опојно македонско вино, вкусни деликатеси и убава македонска песна.. Вчера вечер, во уникатен фестивалски амбиент, во комплексот “Македонско село” беше означен почетокот на првиот “Фестивал на виното” кој ќе трае до недела, 23 октомври.

zapocna-prviot-festival-na-vinoto-vo-kompleksot-makedonsko-selo-1.jpg

Настанот беше отворен со настапот на етно групата Синтезис која на задоволство на бројната публика ги пееше најубавите македонски песни со современ призвук. Гостите имаа можност да уживаат во најубавите македонски вина и да дегустираат голем број на специјалитети, млечни и сувомеснати деликатеси по одлични цени.

За време на четирите фестивалски денови, освен во убавото вино и вкусната храна, гостите ќе уживаат и во богатата музичка програма на која се најдоа звучни имиња од македонската сцена. Во сабота, фестивалот ќе доживее кулминација со настапот во живо на македонската дива, Каролина Гочева.

zapocna-prviot-festival-na-vinoto-vo-kompleksot-makedonsko-selo-3.jpg

“Фестивалот на виното” има за цел афирмација на винската култура во Македонија,  развој и негување на култот кон виното, претставување и промоција на најдобрите македонските винарии, надополнето со голем број вкусни специјалитети и деликатеси и богата музичка програма.

Главни учесници на настанот се македонските винарии Тиквеш, Стоби, Камник, Бовин и Сопот, а како поддржувачи се Општина Карпош, Пелистерка, Агриа, Солета, Здравје Радово, Битолска Млекара, Лакталис и Осогово Милк.

zapocna-prviot-festival-na-vinoto-vo-kompleksot-makedonsko-selo-2.jpg

Влезот во комплексот "Македонско село" за време на фестивалските денови е 100ден.

zapocna-prviot-festival-na-vinoto-vo-kompleksot-makedonsko-selo-4.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg