Црвената соба на Игор Киров за затворање на сезоната во МОБ

Македонска опера и балет оваа сезона ја затвора на 8ми Јуни со изведба на модерната балетска претстава Црвената соба, која е во кореографија на Игор Киров, а настапуваат првенците и дел од ансамблот на балетот при МОБ. 

crvenata-soba-na-igor-kirov-za-zatvoranje-na-sezonata-vo-mob-1.jpg

По премиерната изведба на 27ми Април во чест на светскиот ден на таноцот, ова е второ претставување пред нашата публика.

„Годинава сезоната се затвора нешто порано, поради најавената реконструкција на гледалиштето во МОБ. Свесни за постоечката ситуација, а со цел на нашата публика да и овозможиме поголема удобност и акустика, во соработка со Министество за Културана Р.М., на 10ти јуни започнуваме со целосна рекострукција и веќе во септември е предвидено да бидат изведени првите претстави во новиот салон. Воедно, и фоајето на МОБ ќе добие свое освежување“ – изјави Игор Дурловски, директор на МОБ.

„Пред два дена го одбележивме и крајот на овогодинешните Мајски Оперски Вечери, за кои, без и малку скромност можам да кажам дека ги надминаа сите наши очекувања како во однос на репертоарот кој беше двојно зголемен, така и во посетеноста од страна на публиката, што се одрази со рекордна посетеност и продажба на билетите, додаде Дурловски.

И воедно, во име на МОБ, сакам да ви се заблагодарам на сите вас кои медиумски ни помогнавте во најавата на овие МОВ, и најголема благодарност до нашата публиката за сета поддршка, бидејки ние токму за вас работиме.“

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg