Дванаесеттиот по ред Job Fair 2016 заврши!

Саемот за вработување и кариера, заврши вчера. Со вкупно 36 компании ова е најуспешното издание за BEST Скопје. Саемот се одржуваше: од 4-10 маj на Градежниот и Архитектонскиот факултет, како и на комплексот Технички факултети.

dvanaesettiot-po-red-job-fair-2016-zavrsi-1.jpg

На официјалното отворање, се одржа и нетворкинг настан на кој сите претставници од компаниите имаа шанса да разменат контакти како и со присутните студенти.

На 5 и 6 мај и на 9 и 10 мај беа денови на штандови каде што компаниите на многу интересен начин ја изложија својата работа пред заинтересираните студенти. Оваа година компаниите ги привлекоа студентите со игри за логички вештини и разни други предизвици и квизови.

Овој саем беше најуспешен досега за БЕСТ Скопје не само поради големиот интерес од страна на компаниите туку и големата посетеност од страна на студентите. Тие имаа и шанса да присуствуваат на презентации и case study од страна на едни од најдобрите компании.

Главните организатори на саемот, Стефан Серафимоски и Стефанија Бошковска се презадоволни од успехот што го постигнале и се горди на фактот дека штотуку го организираа најдобриот Job Fair досега. Одлично ја сумираа мотивацијата на членовите на БЕСТ Скопје, да помогнат во развивање на студентетите преку комплементарно образование.

Сите заинтересирани студенти сеуште можат и ќе можат да го оставаат своето CV во датабазата до која имаат пристап компаниите учеснички во текот на целата година. Своето  CV можат да го остават на следниот линк: www.jobfair.org.mk каде што можат и подетално да се информираат за компаниите учеснички.

Дополнително, сите заинтересирани студенти за работата на БЕСТ, можат да се обратат на офцијалната страна www.best.org.mk , да дојдат на еден од редовните состаноци кои се одржуваат секој вторник во 20 часот во Амфитеатарот на ФЕИТ Скопје или во канцеларија во Барака 5 при ФЕИТ.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg