Дружење и пливање со Проф. Д-р Наташа Мешковска и „Еуролинк осигурување“

Годинава, мај е месец на пливањето со проф. Д-р Наташа Мешковска и „Еуролинк осигурување“. Деца на возраст од 8 до 10 години ќе можат бесплатно да пливаат во базенот Карпош при Спортскиот Центар Борис Трајковски во Скопје.

druzenje-i-plivanje-so-prof-dr-natasa-meskovska-i-eurolink-osiguruvanje-01.jpg

Пливањето ќе започне на 17.05.2016г. и ќе се одвива под раководство на професионалниот тренер проф. д-р Наташа Мешковска, а во организација на „Еуролинк осигурување“.

Родителите можат да ги пријават своите деца со испраќање порака на електронска адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. со следните податоци:
- Име и презиме на детето – учесник
- Возраст
- Висина
- Тежина
- Име и презиме и контакт телефон (родител)

Пријавувањето започна од 28.04.2016г. (четврток), а ќе трае до 09.05.2016г. (понеделник).

Селекцијата на пријавените учесници ќе се одржи на 12.05.2016г. (четврток) на базенот Карпош при СЦБТ и ќе ја врши стручен тим, под раководство на проф. др. Наташа Мешковска, кој ќе избере 45 деца на возраст од 8 до 10 години. 

Критериумот за селекција е пријавените деца да може да испливаат 25 метри со помош на пливачко помагало – пловка.

„Еуролинк осигурување“ на избраните кандидати ќе им обезбеди бесплатни термини за пливање, два пати неделно, во траење од еден месец, пливачки капчиња, пешкири и пливачки помагала. 

Оваа активност е дел од корпоративната платформа за општествена одговорност "Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности".

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg