Голем интерес за бизнис караванот на Еуролинк во Штип
- Детали
- четврток, 21 април 2016
(Штип, 21 април, 2016г.) Во преполниот кафе-ресторан „Канал 77“ во Штип вчера попладне се одржа голем настан во организација на Еуролинк Осигурување. Настанот беше дел од Бизнис Комплет караванот кој досега ги посети Струмица, Битола, Прилеп и Скопје, а каде сопствениците и менаџерите на мали и микро претпријатија, имаа можност да се запознаат со предностите на осигурувањето, како и ризиците и опасностите по секојдневното работење.
Бизнис Комплет е иновативен сеопфатен пакет кој обезбедува покритија за целосно осигурување на малите и микро бизниси кои имаат деловни и продажни објекти, како колонијалните продавници, мини маркетите, аптеките, парфимериите, козметичките салони и други.
‘‘Бизнис Комплет е вистинска потреба на малите претпријатија, а тоа го потврди огромниот интерес на сите настани од бизнис караванот. Еуролинк секогаш работи и ќе продолжи да работи посветено на развивање на уникатни продукти кои се во функција на подобрувањето на условите за бизнис.“ – изјави Марија Томеска, претседател на управниот одбор на Еуролинк осигурување.
Вчерашниот настан беше петтиот од серијата настани од Бизнис Комплет караванот, кој ќе продолжи во текот на месец мај.