Копаоник бизнис Форум - од 8-ми до 10-ти март 2016

На Форумот ќе присуствуваат 820 учесници; во текот на три дена високи државни функционери и влијателни бизнис лидери ќе водат панел дискусии за реформските предизвици од различни аспекти.

kopaonik-biznis-forum-od-8-do-10-mart-2016-01.jpg

2. март 2016. – Копаоник бизнис Форумот кој ќе се одржи од 8 до 10 март во Конгресниот центар на хотелот Гранд Копаоник, ќе собере рекорден број на учесници – 820 учесници, претставници од Владата, домашни и странски стопанственици, дипломати, економски аналитичари, теоритичари и меѓународни експерти.

Темата на овогодинешниот форум е „Достигнување и конвергенција на водечките трендови: како да се санираат пукнатините во системот“, а во текот на трите дена ќе бидат организирани 20 панел дискуии, 3 пленарни сесии и пет специјални презентации.

Учесниците на „Српскиот Давос“, најважниот настан од ваков вид во текот на годината, ќе се обидат да креираат платформа за аргументирана и конструктивна дискусија за согледување и анализа на клучните реформски предизвици од различни аспекти.

“Повеќе од 20 години, Копаоник бизнис форумот собира голем број учесници, горди сме што оваа година го надминавме рекордот и на едно место во текот на 3 дена ќе имаме 820 учесници. Тоа ќе биде можност економските експерти и бизнисмени да ги оценуваат ефектите од реформите и да разменат мислења со цел да дојдеме до изводливи и ефикасни политики. Ќе работиме поактивно на поврзување на регионот и зголемување на конкурентноста на Балканот со желба заедно како еден пазар да бидеме поатрактивни за инвеститорите, а со тоа да обезбедиме и подобри услови за живот.“ - изјави Александар Влаховиќ, претседател на Српскиот сојуз на економисти.

Програмата на форумот предвидува расправи во три области:

  • 8 март – Економски последици на новата реалност: проблеми, причини и решенија
  • 9 март – Ажурирање на реформската агенда: реформа на државата и реструктурирање на јавниот сектор
  • 10 март – Идни чекори во спроведување на реформите

„Како и секогаш, Копаоник бизнис форумот, и годинава ќе биде место на разговор на релевантни луѓе од светот на политиката, стопанството и економските науки, со цел Србија да се измени на патот кон достигнувањата на вредности и перформансите на Европската Унија“, - вели Драган Џурчин, селектор на Форумот.

Заклучоците од 23-тиот Копаоник бизнис форум ќе бидат сумирани во документот „ Копаоник Консензус“. Српскиот економски сојуз и Српското здружение на корпоративни директори, под покровителство на претседателот на Владата на Република Србија, традиционално го организираат форумот. Овогодинешен партнер на Форумот е компанијата MasterCard.

„Во име на компанијата MasterCard, би сакала да им се заблагодарам на организаторите затоа што го препознаа единствениот сет на експертиза, согледувања на пазарот и можностите кои ги поседува нашата компанија и може да ги сподели со сите ученици на овој реномиран настан.  Се надевам дека по Форумот ќе ги преточиме заклучоците во практични активности и ќе имаме чиста насока за понатамошен развој на пазарот“, изјави Јелена Ристиќ, директор за продажба во MasterCard за Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.


ЗА УЧЕСНИЦИТЕ

Посебни гости на 23-тиот Копаоник бизнис форум ќе бидат: Александар Вучиќ, Претседател на Владата на Република Србија; Јоргованка Табаковиќ, Гувернер на Народната Банка на Србија; Душан Вујовиќ, Министер за финансии; Зорана Михајловиќ, потпретседател на Владата и министер за градежништво, сообраќај и инфраструктура, Кори Удовички потпретседател на Владата и министер за јавна администрација и локална самоуправа, министер за економија Жељко Сертиќ, министерот за млади и спорт Вања Удовичиќ, министер за образование, наука и технолошки развој Срѓан Вербиќ, министер за енергетика, Александар Антиќ. Помеѓу учесниците ќе биде и Бранимир Гвозденовиќ, министер за туризам и одржлив развој на Владата на Црна Гора, претседателите на стопанските комори на Македонија, Србија, Хрватска, БиХ и Црна Гора.

Учеството го потврдија и амбасадорите на САД, Германија, Австрија, Италија, најважните бизнисмени од секторот банкарство, осигурителни компании, информатичка и комуникациска технологија, трговијата, туризам, енергетика, земјоделството и фармација. На форумот ќе присуствуваат и значајни економски теоретичари, претставници на меѓународни финансиски институции - ЕБРД, ЕИБ, ИФЦ, Светската банка, ММФ, Претседателот на Фискалниот Совет, градоначалниците на Белград и Сремска Митровица.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg