Емин Џијан на пиедесталот
- Детали
- среда, 10 февруари 2016
Светските медиуми ја крунисаа изведбата на Џеф Милс, Дерик Меј и нашиот Емин Џијан, ставајќи го нашиот мултиталент на самиот пиедестал. Низ фотографии може да се види атмосферата на спектакуларниот концерт кој се одржа во Мелбурн, заедно со тамошниот симфониски оркестар.
Оваа фузија на двајцата гиганти во електронската музика и Симфонискиот Оркестар од Мелбурн, под диригентската палка на Емин Џијан се случи првпат во светски рамки. Концертот беше заокружен со светска премиера на новата композиција „King Of Sopishte “, која ја направија Џијан и Милс, по нарачка на самиот директор на оркестарот.
Имено, македонската продуцентска куќа „Излет мјузик“, го организираше и овој грандиозен спектакуларниот концертен настап во Мелбурн, Австралија, на двајцата техно диџеи и продуценти Џеф Милс и Дерик Меј.
Светските медиуми веќе се огласија, не штедејќи го своето воодушевување.
Фотографиите ги потпишува: Daniel Aulsebrook