Тркалезна маса со Дејвид Голдсмит, консултант за комерцијализација на иновации на НАСА

Во Скопје, Вторник, 17.11.2015 во 19:00 часот, во организација на NewMan’s Бизнис Акцелераторот, ќе се одржи тркалезна маса со Дејвид Голдсмит, глобално почитуван консултант на над 1600 менаџери на компании низ целиот свет, советник за комерцијализација на иновации на НАСА, ко-основач на 12 старт-ап компании, иноватор, говорник, сериски претприемач и автор на најпродаваната книга “Paid to Think: A Leader’s Toolkit for Redefining Your Future”.

trkalezna-masa-so-dejvid-goldsmit-konsultant-za-komercijalizacija-na-inovacii-na-nasa-01.jpg

На тркалезната маса ќе присуствуваат претставници од реномирани компании од Македонија и ќе се дискутира за најголемите предизвици со кои што се соочуваат лидерите во светот, иновативни и докажани методи за поставување на функционални системи во компаниите и резултатите што се постигнуваат со ваков тип на менаџирање.

Изминатите 4 дена на покана на NewMan’s Бизнис Акцелераторот, Дејвид беше главниот гостин и говорник на Белградскиот Инвестициски Форум во Белград, а во Скопје доаѓа со цел непосредно да се запознае со локалната економија и најперспективните и најиновативни македонски компании и врз база на неговите заклучоци кои што ги развил во текот на 20 години искуство да им помогне да се позиционираат и на светските пазари.

Неговата експертиза и совети се барани од страна на лидери и менаџери во светот, во бизнисите од сите големини, непрофитни организации и здруженија, организации, вклучувајќи ги и владата и образованието. Просечната вредност за еден ваков настап на г-дин Голдсмит е 35.000 долари, а македонските бизнисмени ќе имаат привилегија да го запознаат лично во рамки на соработката на NewMan’s Бизнис Акцелераторот со AMES Истражувачки Центар на NASA од Силиконската Долина.

trkalezna-masa-so-dejvid-goldsmit-konsultant-za-komercijalizacija-na-inovacii-na-nasa-02.jpg

Во рамки на тркалезната маса ќе може да се вклучат ограничен број на компании и претприемачи со цел овозможување на директна комуникација. Котизацијата за учество на овој настан е по привилегирана цена во висина од 600 денари со вклучена кафе пауза, а пријавите се вршат на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 16.11.2015 до 12:00 часот.

Информацијата за компаниите кои што ќе учествуваат и местото на одржување ќе ја објавиме на нашата веб страна до 16.11.2015.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg