Концертна романтика на Владо Јаневски

Подготовките за најавениот концерт на Владо Јаневски во Арената Борис Трајковски, најавен за 03. Април, во организација на Горила продукција се во полн ек. Организаторот најавува концерт, сосема поинаков и од се што се случувало до сега.

koncertna-romantika-na-vlado-janevski-01.jpg

Најнапред, самиот амбиент во кој ќе се организира настанот за прв пат ќе биде виден во Арената Борис Трајковски. Имено, подиумот на кој ќе настапи Владо Јаневски со бендот што ќе го придружува, ќе биде поставен централно, во средината на  Арената, а озвучувањето, светло, лед, се ќе биде поставено на покривната конструкција, така што публиката ќе има можност од сосема нов агол да го следи целиот настан.

Ваквиот нов пристап во позиционирањето на подиумот, бараше вонредни напори за ангажирање на најдобрите стручни лица за звук и светло, како би можело целата идеја да се реализира онака како што е замислена.

koncertna-romantika-na-vlado-janevski-02.jpg

Просторот во салата е организиран на начин кој ќе овозможи на фановите на Владо Јаневски, да го следат концертот од пристојна близина на подиумот, а сите што ќе имаат билет за тој - фан пит простор, да се движат по уредно обележана патека.

Дека ќе присуствуваме на исклучителен музички настан, говори и големиот интерес за овој концерт, влезниците се пуштени во продажба на сите продажни места на МК – тикетс и според динамиката со која се продаваат, повеќе од веројатно е дека ќе бидат распродадени барем една недела пред одржување на концертот. 

Исто така, значајно е да се одбележи дека одржувањето на овој концерт го поддржа и Министерството за култура.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg