Прогласени имињата на добитниците на првите три награди на конкурсот „Trash for Art“
- Детали
- четврток, 18 декември 2014
Под мотото „Види уметност онаму каде што другите гледаат само отпад“ вчера во просториите на Кинотеката на Македонија беа прогласени добитниците на првите три награди во двете категории, поединци и училишта, на конкурсот „Trash for art “, распишан од страна на Пакомак.
Холот на Кинотеката беше исполнет со несекојдневни, интересни уметнички дела кои покажаа дека најважната работа во креирањето е идејата и желбата, а не материјалот. „Оваа година имаме пријавени 160 уметнички дела изработени од амбалажен отпад.
Учесниците навистина се потрудиле својата креативност да ја донесат до највисоко ниво креирајќи најразлични животни, макети, и други интересни предмети изработени од амбалажен отпад. Среќен сум што успешно заврши уште едно издание на конкурост „TFA“ каде ги предизвикуваме учесниците на креативен начин да го преформулираат значењето и функцијата на отпадот“, изјави Филип Ивановски, директор на „Пакомак“.
Наградите беа доделени во две категории и тоа поединци и училишта. Во категоријата поединци првата награда од 50.000 денари му припадна на Стефан Анчевски, додека во категоријата училишта 50.000 денари ги доби СУГС „Никола Карев“- Скопје.
Оваа година за сите дела кои влегоа во потесниот избор Пакомак подготви Дипломи за финалисти на Конкурсот Trash for Art 2014.
Наградените дела и делата-финалисти ќе бидат изложени од 21-ви декември 2014 година во Веро-центарот, кога и ќе се случи официјалното доделување на наградите со почеток во 13 часот на големиот хуманитарен настан во организација на Пакомак, Котиледон продукција и Веро.
Повеќе информации во врска со резултатите од конкурот и наградените поединци и училишта можете да најдете на нивната веб страница.