Сте се запрашале ли како функционира еден берзански електронски систем за тргување?
- Детали
- петок, 07 ноември 2014
Со цел зајакнување на капацитетите на постојните и потенцијални учесници на пазарот на хартии од вредност во областа на тргувањето со хартии од вредност, финансиските инструменти и други релевантни теми од областа на финансиите, Македонска Берза АД Скопје во соработка со студентската интернационална платформа АИЕСЕК Скопје повторно организираaт семинар на тема Берзански Електронски Систем за Тргување (БЕСТ).
Обуката ќе се оддржи на 14ти Ноември во просториите на Економскиот факултет на УКИМ во 10:00 часот.
На оваа еднодневна практична обука ќе имате можност да се запознаете и да дознаете нешто повеќе за пазарот на хартии од вредност, што претставува БЕСТ како систем и сите детали околу тргувањето на овој пазар во Република Македонија.
Третиот модул претставува реално тргување и симулација на пазарот на хартии од вредност, искуство кое за прв пат се пружа на македонските студенти преку учество во оваа обука.
Учесниците по оваа обука ќе добијат интернационално признат сертификат потпишан од страна на Македонска берза и Европската банка за обнова и развој.
Поради големата заинтересираност, изборот на учесници ќе се одвива по принципот First-come first served. Финалниот датум за аплицирање е 11ти ноември, а котизацијата за учество на обуката изнесува 900 денари + 18% ДДВ (1062 денари).
За учество можете да аплицирате тука.