Виден низ бројки концертот што ќе ги сруши музичките рекорди во Македонија
- Детали
- вторник, 17 јуни 2014
Концерт на српската музичка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ , закажан за 21 јуни во Скопје е предвиден да биде музички настан во живо кој ќе ги сруши сите рекорди на настани од овој тип досега организирани во Македонија.
Имено, ова е за прв пат еден изведувач да се обиде да ги наполни сите четири трибини на спортската арена “Филип Втори” во Скопје, со капацитет од 50 000 посетители.
Виден низ бројки најавениот спектакт изгледа вака:
- 15 шлепери со техничка опрема (озвучување, осветлување, бина, екрани, рампи) ќе пристигнат од Белград
- 6 камиони со дополнителна опрема ќе пристигнат во Скопје
- 10 музичари ќе го придружуваат Јокисмовиќ на сцена
- 34 метри ќе биде преден фронт на бината
- 300 квадрати екран ќе биде поставен на сцената
- 40 тони ќе биде тешка бината
- 270- т.н рото глави ќе бидат монтирани на рампите
- 2 мегавати електрична енергија ќе биде ангажирана за техничка реализација на концертот
- 60 километри сигнални и енергетски кабли ќе бидат користени за поврзување на комплетниот систем
- 140 звучници ќе бидат монтирани во арената “Филип Втори”
- 3 саати ќе трае целиот настан
- 90 минути ќе трее настапот на предгрупите
- 60 техничари се ангажирани за подготовките
- 3 шлепери со вода, пиво и сокови на “Пелистерка” ќе пристигнат од Битола
- 4 степени целзиусови е температурата на која ќе се ладат пијалоците
- 100 буриња со пиво “Старо прамен” се очекува да се испијат на концертот
- 50 000 луѓе се очекуваат на концертот
- 250 луѓе се ангажирани за обезбедување на концертот
- 150 вработени од “Пелистерка” ќе бидат ангажирани на концертот
- 8.000 квадрати портафлор се поставува за заштита тревата
- 2000 квадрати ќе бидат покриени како бина
- 7 излези за публиката ќе бидат ставени во функција
- 20 000 шишиња газирана и 10 000 шишиња негазирана вода “Пелистерка” е предвидено да се испијат на настанот
- 5 дена се монтира опремата на стадионот
- 3 часа пред почетокот се отвораат вратите за публиката
- 70 јавни личности, пејачи, спортисти, политичари од Белград, Подгорица, Загреб, Сараево и Атина ќе пристуствуваат на концертот