Како звучат Архангел и Македонската Филхармонија

Култните рокери Архангел веќе на големо работат на тоа како ќе звучат на сцената во Борис Трајковски во придружба на оркестарот на Македонската Филхармонија.

kako-zvucat-arhangel-i-makedonskata-filharmonija-01

Пред концертот закажан за петок 20 декември, Архангел и Филхармонија под диригентската палка на Саша Николовски – Ѓумар веќе ги ускладија звуците. Звучат сосема нормално, непосредно како воопшто да не се среќаваат првпат со ваков вид музика. Така барем вели маестро Саша Николовски Ѓумар.

Човекот кој што деновиве се обидува да им даде сосема поинаков звук на легендарните “Чудесен свет” и “Милион долари”. Утре, четврток 19 декември, ја закажаа и последната проба, генерална пред големиот настан.

Веќе во петок, сцената во спортскиот центар “Борис Трајковски” ќе биде место каде култните Архангел на сцена со повеќе од 80 музичари ќе изнесат една сосема поинаква музичка приказна. Нема да го избришат својот легендарен печат. Напротив, ќе го засилат со она што како музичка форма ќе го понуди Македонската филхармонија на сцена.

До петок има само уште еден ден да ја набавите потребната влезница и со задоволство да го проследите шестчлениот состав на Архангел на повторно соочување со македонската публика. Mожете да ги најдете по цена  од: Партер – 500 денари, Трибина – 700, Последни три реда – 600, ВИП Трибина – 1000, Фан пит – 700 денари и Вип резервација со маса – 4000 денари.

Истите можете да ги најдете во Југотон, Цвеќара Розе Веро 2, Камарад Рамстор, во продажната мрежа на купи карти за се и мк тикетс како и на неколку локални места во државата.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg