10 емотивни моменти од Златна Бубамара '25: Ѕвездено небо за Калиопи, Дарио ѝ се поклони на публиката
- Детали
- четврток, 20 февруари 2025
28-то издание на Златна Бубамара го одбележаа бројни емотивни моменти – од ѕвезденото небо на Калиопи и стоечките овации за Сузана Спасовска, до пејачот Казухиро Котецу кој дојде дури од Јапонија за манифестацијата.
Синоќа (19.02) во арена „Борис Трајковски“ во Скопје се одржа најпознатата манифестација во Македонија – Златна Бубамара.
На 28-то издание на настанот, традиционално беа почестени најдобрите од најдобрите на македонската културна сцена.
Малку смеа, малку солзи, малку музика, како и секоја година, настанот го одбележаа бројни забавни и емотивни моменти.
Најемотивните моменти на Златна Бубамара 2025:
Перо Христов дојде специјално од САД за да ја прими наградата за животно дело, а додека го држеше говорот, делуваше како да пробува да ги додржи солзите.
На сцената застана и Дарио кој доби награда за трајни музички вредности и во својот говор најмногу ѝ се заблагодари на својата публика, а на крај и им се поклони на сите присутни во арената.
-->
-->
-->