Симон Трпчески направи магија на концертот во Скопје - Запеа со ќерката Лара, звучеше светски

Концертот на Трпчески беше вистинска емоција. Доволно беше на миг да ги затворите очите и неговата виртуозност да ве пренесе на некое друго место, па да си замислите дека сте во некој од најголемите центри на класичната музика во светот.

simon-trpcheski-napravi-magija-na-koncertot-vo-skopje-zvucheshe-svetski-zapea-so-kjerkata-lara-01.jpg

Виртуозот на пијано, маестро Симон Трпчески, вчеравечер (20.12) одржа предновогодишен концерт во Скопје, кој може да се опише со еден збор - магија.

Во полната арена „Борис Трајковски“, Трпчески звучеше совршено и додека свиреше празнични песни од светската класиката и додека во нов аранжман ги изведуваше познатите божиќни хитови.

simon-trpcheski-napravi-magija-na-koncertot-vo-skopje-zvucheshe-svetski-zapea-so-kjerkata-lara-02.jpg

Пред почетокот на концертот, насловен „Новогодишна музичка идила со Симон и пријателите“, маестро Трпчески ѝ се обрати на публиката, па рече се надева дека овие празнични концерти ќе прераснат во традиција.

Првиот дел од скопскиот концерт беше посветен на класичните дела на Чајковски, Верди, Штраус..., додека во вториот се пееја песни од Френк Синатра, Дин Мартин, Мајкл Бубле, Мараја Кери...

simon-trpcheski-napravi-magija-na-koncertot-vo-skopje-zvucheshe-svetski-zapea-so-kjerkata-lara-03.jpg

„Пред некој ден едниот од близнаците ме праша: ‘Добро тато, ќе останеш ли барем еден месец дома?’.

Ќе останам, токму во време на празниците. Божиќ е периодот кога секогаш сум дома со семејството, и тогаш ни е најубаво“, кажа Трпчески среде концерт и ги поздрави сопругата и синовите близнаци кои беа во публиката.

simon-trpcheski-napravi-magija-na-koncertot-vo-skopje-zvucheshe-svetski-zapea-so-kjerkata-lara-04.jpg

Во тој момент на сцената се појави неговата ќерка Лара, која прво самата ја испеа It's Beginning to Look Like Christmas, а потоа на изненадување на многумина, Симон го зеде микрофонот, па во дует со ќерка си ја испеаја I'll be Нome for Сhristmas.

simon-trpcheski-napravi-magija-na-koncertot-vo-skopje-zvucheshe-svetski-zapea-so-kjerkata-lara-05.jpg

Концертот беше збогатен со танцот на балетските првенци Марија Кичевска и Бојан Ковачевски и ансамблот на Балетот.

simon-trpcheski-napravi-magija-na-koncertot-vo-skopje-zvucheshe-svetski-zapea-so-kjerkata-lara-08.jpg

Тука беше и оркестарот „Македонисимо“ кој го придружуваше во текот на целиот втор дел од концертот, а со кој Симон освен што свиреше познати евергрини и оперски арии, направи и спој од „Турскиот марш“ и народната „Сербез Донка“.

Специјални гости беа и Андријана Јаневска (која и свиреше на виолина и пееше), Иван Наумов и Гонца Богоромова-Краповски.

simon-trpcheski-napravi-magija-na-koncertot-vo-skopje-zvucheshe-svetski-zapea-so-kjerkata-lara-07.jpg

Концертот на Трпчески беше вистинска емоција. Доволно беше на миг да ги затворите очите и неговата виртуозност да ве пренесе на некое друго место, па да си замислите дека сте во некој од најголемите центри на класичната музика во светот.

Погледнете видео од концертот:

А. Ј. | Црнобело

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg