Прекрасната и исклучително талентираната поп пејачка Барбара Поповиќ ќе облече венчаница

Девојката која ги освои срцата на огромен аудиториум на поширокиот Балкан за само седум дена од денес ќе ја видиме во венчаница.

pejachkata-barbara-popovikj-kje-bide-del-od-saem-na-venchavki-vo-kreacija-od-atelje-zhana-01.jpg

Дали е на повидок нешто и на љубовен план не знаеме, но со сигурност можеме да потврдиме дека на 23 февруари Барбара ќе биде дел од Саемот за венчавки и ќе настапи на ревијата „Познатите во венчаница“.

Барбара ќе носи креација од Ателјето Жана од нивната ексклузивна нова колекција за 2024 год. Ателјето Жана веќе е доста етаблирано на балканскиот пазар и соработува со естрадни ѕвезди како Марија Микиќ.

pejachkata-barbara-popovikj-kje-bide-del-od-saem-na-venchavki-vo-kreacija-od-atelje-zhana-02.jpg

Како што дознаваме, креацијата ќе биде исклучително сензуална, а како ќе изгледа Барбара како невеста ќе треба да дојдете и да видите.

Сите оние кои вечерта ќе бидат дел од овој настан ќе имаат ретка можност и да уживаат не само во нејзиниот изглед туку и во нејзиниот глас.

pejachkata-barbara-popovikj-kje-bide-del-od-saem-na-venchavki-vo-kreacija-od-atelje-zhana-03.jpg

За целокупниот изглед и шминка ќе се погрижи магионичарот за свадбена шминка Даниел Николовски.

Набавете си влезници за саемот преку платформата www.kupikartizase.com или на самиот влез на х. Александар Палас. Саемот е отворен за посетители од 23 петок од 18 ч, а сабота и недела од 10 до 20 ч.

pejachkata-barbara-popovikj-kje-bide-del-od-saem-na-venchavki-vo-kreacija-od-atelje-zhana-04.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg