Најлошата пејачка продолжува
Ниту фактот што нејзината песна Friday која на YouTube до сега прегледана повеќе од 60 милиони пати, а воедно прогласена за најлоша песна...
...на сите времиња, нема да ја спречи 13 годишната Ребека Блек да го оствари својот сон. Таа навистина сака да биде ѕвезда.
Иако и понатаму е без издавачки договор, Ребека во студио во Л.А. го снима вториот сингл со наслов ЛОЛ, а најавува и деби албум.
„Ми се допаѓа тоа што јас пеам соодветно на мојата возраст и не се обидувам да бидам некој друг. Некои од песните на албумот може да е сметаат за тинејџерски, но сакам да бидат пристојни и чисти. Луѓето ми велат – ти си најлоша пејачка, ова е најлоша песна, но јас не ги перцепирам негативците.“, изјавила Ребека.
Ве потсетуваме на нејзината прва песна: