Бабичка која танцува на шипка - Изненадување за жирито на „Италија има талент" (видео)
Годините не треба да бидат пречка за остварување на вашите соништа, тоа го докажува 70-годишната бабичка Томоко, која потекнува од Јапонија, но живее во Италија.
Tаа се појави на шоуто „Италија има талент” и ги остави збунети сите кои го погледнаа нејзиниот настап.
70-годишната бабичка која дошла да студира опера, а останала да живее во Италија, бидејќи сметала дека тука е нејзиното место, настапи со точка која беше фасцинантна поради повеќе причини.
Таа покажа вистинска храброст и талент како и пркосење на сите правила на животот.
Совршена и флексибилна за своите години - таа го остави жирито во неверување кои ја запрашаа како е можно на таа возраст да биде толку флексибилна споредувајќи ја со црв, а една членка на жирито ја запраша што се случило со сколиозата и другите болести кои треба да ги поседува на тие години.
Томоко со насмевка на лицето остави впечаток на една инзворедна жена со мил карактер, а не изостави да каже дека и покрај толку години поминати во Италија, таа сепак има проблем со италјанските глаголи.
Жирито и публиката го поздравија нејзиниот настап со стоечка овација, а таа само докажа дека луѓето се стари само онолку колку што ќе дозволат да бидат стари.
Нејзиниот танцување на шипката:
Н. Буџак | Црнобело