Фармерот од Мисисипи е последниот победник на Американски Идол (видео)
Иако многумина никогаш не претставуваа дека музичкото шоу „Идол” ќе престане да се емитува, сепак тоа се случи.
Вчеравечер во последната емисија на ова шоу кое го обожуваат сите генерации се случи огромен спектакл во којшто беше одбран победникот. На сечие изненадување тоа беше момчето фармер од Мисисипи, Трент Хармон, кој успеа да ја украде круната на фантастичната самохрана мајка Ла Порша Рене.
Во последната емисија имаше многу емотивни настапи на учесници кои што победиле или оставиле трага во ова шоу низ изминатите петнаесет години, како и враќање на некои од судиите кои биле синоним кога станува збор за идол како шоу. Едни од најпознатите имиња кои се појавија беа Кери Андервуд, Сајмон Кауел, Пола Абдул, Кели Кларксон кои создадоја забава за сечии очи и уши.
Последната епизода беше многу емотивна, особено за младиот Трент Хармон кој успеа да го оствари својот сон. Момчето кое цел живот го поминал на фармата работејќи на полињата со добиток и сопствениот ресторан кој го поседуваат на фармата, се закити со титулата петнаесети американски идол и доби договор со „Big Machine Records”.
25-годишниот Трент беше еден од омилените преку целата сезона, обидувајќи се да ги скроти своите смешни експресии на лицето додека пее тој успеа да ја воодушеви публиката со својот Р'н'Б глас. Беше одличен преку целата сезона особено со добро познатата песна на Сиа – „Chandelier”.
Сепак неговата победа беше големо изненадување бидејќи сите сметаа дека апсолутен победник е Ла Порша Рене чија приказна за претрпено домашно насилство ја допре американската публика.
По завршувањето на оваа последна сезона, многумина велат дека се задоволни со победникот, всушност мислењата се едногласни дека кој и да ја добиеше титулата Идол од финалистите ќе беше сосема заслужено.
Се надеваме дека Трент ќе успее да се пробие на начинот на кој што се пробија останатите победници на „Американски идол”. Дотогаш погледнете ја неговата аудиција и победничкиот сингл.
Н. Буџак | Црнобело