Преслушајте ги 3-те најпознати композиции на Оскаровецот Енио Мориконе

Италија имаше за што да ги слави овогодинешните Оскари - еден од најпознатите италијански композитори, Енио Мориконе го освои својот заслужен Оскар.

3te-najpoznati-dela-na-kompozitorot-enio-morikone-koj-dobi-oskar-01.jpg

87-годишниот композитор ја освои наградата за најдобра оригинална музика за филмот „The Hateful Eight“ на Квентин Тарантино.

За оваа награда тој претходно бил номиниран уште пет пати, а во 2007-та година доби почесен Оскар за неговите неверојатни достигнувања во историјата на филмската музика.

„Не постои добра песна без добар филм кој ќе биде инспирација за истата“ - изјави тој.

За време од седум декади тој има компонирано над 500-ни оригинални композиции за филмската индустрија и над 100 класични дела.

Неговата прва номинација беше за филмот „Days of Heaven“ во 1979-та година, потоа за „The Mission“ во 1986-та, „The Untouchables“ во 1987-та, „Bugsy“ во 1991-та и „Malena“ вп 2000-та година.

Ова се 3-те негови најпознати композиции направени за филмови:

1. A Fistful of Dollars (1964):


2. Il buono, il brutto, il cattivo (1966):


3. Cinema Paradiso (1988):

Н. Г. | Црнобело

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg