Адел и Моцарт - совршен спој на „Hello“ и „Lacrimosa“ во една песна
Замислете спој на минатото и сегашноста, спој меѓу спиритуализмот од 18-от век и секуларизмот на 21-от век. Замислете ги Адел и Моцарт седнати во студио со пенкало и перо во рака како создаваат едно заедничко ремек-дело кое плови низ времето и трае засекогаш.
PianoGuys познати по своите дела во кои ја спојуваат класичната и модерната музика, овојпат решаваат да ги спојат Адел и Моцарт.
Иако мелодиската линија на двете песни изгледа различна, чувствата кои и двете песни ги носат во себе се речиси идентични, во „Lacrimosa“ што во превод значи плачливо, преовладува тагата за духовната смрт, додека во „Hello“ тагата е претворена во каење за изгубената врска.
Можеби сепак не сме толку далеку од нашите претходници колку навистина си мислиме...
М. С. | Црнобело