Потценети артисти кои треба да ги преслушате

Овие артисти ги имаат сите квалитети да бидат носители на светската музичка индустрија. Но, сепак како светот да не посветил доволно внимание на нивната работа која изобилува со прекрасни парчиња музика.

potceneti-artisti-01

Во нив можат да се сретнат мелодии кои ќе ви го променат расположението, како и текстови кои имаат сила да ви го распараат срцето.

Затоа ви предлагаме да ги преслушате овие потценети артисти и нивните ремек дела.

1. Кимбра

kimbra-01.jpg

Иако таа се прослави со песната “Somebody that I used to know”, сепак оваа пејачка од Нов Зеланд не го добива заслуженото внимание. И покрај тоа што има освоено две греми награди таа сеуште е во сенка кога станува збор за светската музичката индустрија.

Кимбра има глас кој после првото слушање нема да можете да го извадите од вашата глава, а нејзините песни се одлична опција доколку сакате да го исполните вашиот ден со позитивни вибрации.  

Песни кои би требало задолжително да ги слушнете: “Warrior”,”Teen heat” и ”Something in the way you are”.


2. Џес Глајн

jess-glynne-01

Оваа британска пејачка се прослави со летниот хит “Rather be”, но сепак нејзините видеа имаат просечна гледаност.

Специјалноста на Џес е во тоа што таа го задржува британскиот акцент дури и кога пее (нешто слично на Адел, но со соодветна сензибилност), а освен тоа има специфичен глас како во ниските така и во високите тонови.

Нејзиниот албум “I cry when I laugh” содржи материјал за сечии уши, а многу од песните на овој албум се најдоа на врвот на британската топ листа.

Песни кои би требало да ги слушнете: “Take me home”, “Don’t be so hard on yourself”,”Real love”.


3. Лондон Грамар

London-Grammar-01

Оваа британска поп група иако нема потпишано договор за некоја позната компанија, сепак е препознатлива по својот весел, етеричен и пријатен звук.

Вокалот на ова трио, Хана Рајд за која се вели дека има убедливи вокали, е споредувана со вокалот на Лана Дел Реј, а самата вели дека нејзина инспирација бил Мајкл Џексон.

И покрај тоа што немаат потпишано договор за ниту една издавачка куќа, нивниот хит “Hey now” се најде на рекламата на Диор, што само покажува дека иако сеуште не го добиле заслуженото место во музичката индустрија, пред нив е светла иднина.


4. Хозиер

hozier-01

Ирскиот кантавтор кој се прослави со неговиот хит “Take me to church” и покрај тоа што беше номинирам за греми и неговата песна се прошири вирално, сепак не го има добиено централното место под рефлекотрите.

Сигурно сте ја слушнале неговата најпозната песна, но дали знаете да наброите барем уште две негови песни? Тешко ви оди нели? 

За да не го испуштите гласот кој едноставно ве обзема преслушајте ги неговите песни како што се “Work song”,”To be alone” и “Run”


5. Чарли Пат

charlie-puth-01

Сигурно го препознавате ова момче од прекрасната “See you again” каде покажа беспрекорно пеење во горните октави, но Чарли, слично како Хозиер се прослави со една песна, но ретко кој би можел да каже барем уште една негова песна.

Ако сакате да уживате во високи тонови и заразен ритам тогаш треба да ги преслушате неговите песни: “Look at me now”, “Marvin Gaye”, “One call away”.

Н. Буџак | Црнобело

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg