Кавери кои звучат подобро и од оригиналите

3. Daughter - „Get Lucky“ (оригиналната верзија е на Daft Punk)

И покрај сите верзии кои ги доживеа оваа песна, со сигурност може да се каже дека оваа преработка е најперверзна.

Секси гласот на Елена Тонра ве носи во еден тунел на емоции проследен од гитарата и нежниот звук на тапани, со што песната доживува сосема поинаква атмосфера.

Едноставно се чувствувате како да се наоѓате во вода, а гласот на Елена како да плови насекаде околу вас. Како што изминува песната целиот амбиент оди кон крешендо со што се создава една прекрасна меланхолија.


4. 
Арета Франклин - „Respect“ (оригиналната верзија е на Отис Рединг)

Легендарниот R'n'B пеач Отис Рединг можеби го создаде ова парче, но песната стана евергрин благодарение на Арета Франклин.

Првичната верзија е гледиште од машка перспектива, каде што еден маж бара повеќе почит кога ќе си дојде дома во секоја смисла на зборот. Додека пак моќниот глас на Арета и нејзината појава на сцената донесле сосема поинаква порака во оваа песна истакнувајќи „Р-Е-С-П-Е-К-Т“ во текот на строфите.


5. Марк Ронсон и Ејми Вајнхаус „
Valerie“ (оригиналната верзија е на „The Zutons“)

Оваа преработка е всушност еден од најуспешните синглови на Ејми Вајнхаус и беше предзнак за тоа како ќе изгледа нејзината кариера понатаму.

Нејзината преработка и дава  побрз ритам, а благодарение на нејзината ексцентричност песната станува пожива и поинтересна за слушање.

Н. Буџак | Црнобело



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg