Кејти Пери отпеа дует со аутистично девојче
-->
Кеjти Пери и малата Џоди Дипјаца воодушевија со заеднички настап на хитот „Firework“.
11 годишната Џоди е аутистично девојче кое уште од мали нозе покажувало љубов кон музиката.
-->
„Се плашевме дека нема да може никогаш да зборува. Не ни сонувавме дека ќе може да пее или дека ќе нe разбира. Но, како што продолжува нејзиното образование, се откажував од идејата дека има граница за неа, бидејќи таа постојано докажува дека тоа не е точно“ – вели нејзиниот татко.
Малото девојче свирејќи и пеејќи од срце покажа дека и децата со аутизам можат да уживаат во секојдневието ако им биде дадена шанса:
-->
-->