Ерзана, Врчак, Арчи: Хит коментари на Твитер за македонските изведувачи од 90-тите - ќе ве преплави носталгија
„Што знаат денес децава кои беа Елвир Мекиќ, Ламбе, Јован Јованов, Адријан Гаџа, Врчак...“ е еден од многуте твитови од Македонци за музиката од 90-тите и почеток на 2000-ти. Нормално, тука се и „Ерзана, врати се“, па потсетување на песните од групата „Магија“, Ена Веко, Адријан Гаџа и кој уште не... Мммм, мирис на носталгија по враќањето на Врчак на сцената, нели?
По деценискиот апел „Врчак, врати се“, Раде Врчаковски Врчак се врати на македонската сцена со нова песна на крајот од 2022 година.
Токму ова нè поттикна да разгледаме колку на Твитер се говори за нашите најпознати музички изведувачи од 90-тите и почетокот на 2000-ите и верувале или не – тие не се заборавени.
Постојано има апели за враќање на Ерзана на сцената, па споменување на стихови од Сашо Спасовски, Ѓорѓи Крстевски и Арчи, но и потсетување на песните на групата „Магија“ со Јован Јованов, како и култната Ена Веко.
Се разбира, дел од нив и денес работат на поле музика и се дел од нашата музичка естрада.
Твитер носталија по нашите изведувачи:
Ерзана
Врчак
Арчи
Ѓорѓи Крстевски
Сашо Спасовски
Ристо Самарџиев
Уште 5 изведувачи на следната страна...
Би можело да ве интересира:

