Која е мистериозната Били Џин – жената заради која Мајкл Џексон стана крал на поп музиката?
Били Џин е вториот сингл од албумот Thriler, кој излезе во 1983-та година. Текстот е напишан од Мајкл, а песната стана вистински хит за многу кратко време на американскиот пазар, но, и во целиот свет.
9 седмици се задржала на првото место на Билборд топ 100 листата. Продадена е во повеќе од 10 милиони примероци и е најпродаван соло сингл на Мајкл Џексон. Освои две Греми награди и две награди на Американските музички награди.
Магазинот Rolling Stone ја смести на 58-мото место на листата од 500 најдобри песни на сите времиња.
Продуцентот Квинси Џоунс, бил против издавање на овој сингл. Тој го советувал Мајкл да не ја става на албумот затоа што сметал дека не е доволно моќна како Thriller и Beat it.
Кога сфатил дека Мајкл нема да отстапи од својата желба, му сугерирал да го промени насловот во Not my lover, затоа што се плашел дека луѓето ќе мислат дека стиховите се наменети за тенисерката Били Џин Кинг.
Песната нема никаква врска со неа. Ниту е поврзана со една посебна девојка.
Била инспирирана и создадена како спој од различни обожавателки кои им испраќале писма на Мајкл и неговите постари браќа во кои се колнеле дека се бремени од нив.
Ова трауматично искуство е претворено во моќна композиција која комбинира ритам и блуз ритмови, фанк и денс-поп.
Музичките експерти тврдат дека токму оваа песна го претворила Џексон во крал на поп музиката. На неговиот настап на NBC додека ја изведувал, за прв пат го прикажал moonwalk движењето кое потоa станува негов заштитен знак.
Настапот без грешка може да го погледнете на видеото:
https://www.youtube.com/watch?v=Bmt_es3r-YM&feature=emb_title
Е. П. | Црнобело