Мадона, Џастин Бибер - Пејачи и пејачки кои ги мразат нивните најпопуларни песни
Аврил Лавињ – „Complicated“
Пејачката има изјавено дека воопшто не ја сака песната, но ја изведувала на концерти бидејќи фановите биле вљубени во неа.
Radiohead – „Creep“
Пејачот на Radiohead, Том Јорк, има изјавено дека најпознатата песна на неговиот бенд е ужасна.
Гитаристот Џони Гринвуд, пак, се обидел да протестира кога требало да ја снимаат.
Лорд – „Royals“
„Royals“ е песната што ја придвижи музичката кариера на Лорд, но неа не ѝ се допаѓа.
„Јасно ми е дека звучи ужасно. Ужасна е… Но поради некоја причина беше популарна“, изјави пејачката.
Nirvana – „Smells Like Teen Spirit“
Во едно интервју, Курт Кобејн сподели дека не ни помнел како да го свири солото од „Smells Like Teen Spirit“.
„Сите се опседнати со оваа песна. А, единствената причина е што го изгледаа спотот на MTV милион пати.“
Бритни Спирс – „Sometimes“
На крајот од еден концерт, Бритни изјави дека воопшто не ја сака „Sometimes“.
Џастин Бибер – „Beauty and a Beat“
„Никогаш не сум ја сакал песната. Никогаш не сум бил нејзин фан“, изјави пејачот во едно интервју.
Спирова С. | Црнобело