15 ремек-дела кои ја обележаа кариерата на маестралниот Оливер Драгојевиќ
Оливер Драгојевиќ беше еден од најпознатите хрватски пејачи. Роден е на 7 декември 1947 година во Вела Лука, место лоцирано на островот Корчула.
На петгодишна возраст, на подарок добил хармоника, која ја користел за да ги забавува своите другари. Посетувал музичко училиште во Сплит каде прво научил да свири пијано, потоа кларинет и гитара.
Извонреден музичар, добитник на безброј награди, кој позади себе остави 23 студиски албуми, преку двесте песни за кои велат дека „го допираат срцето“. Целиот свој живот го посветил на музиката.
За огромна жал, во 2017 година, на овој маестрален пејач му беше дијагностициран карцином на белите дробови.
По едногодишна битка со оваа ужасна болест, тој почина во болница во Сплит, на своја 71 година.
Неговата смрт целосно ги погоди луѓето, не само од неговата родна Хрватска, туку ширум екс-ју просторите.
За него велат: „Замина душата на Хрватска“... Тој замина, но неговите песни никогаш нема.
Изборот негови најдобри песни е навистина бесмислен, затоа што секоја остава свој посебен траг и како што велат: за вкусовите не се дискутира.
Затоа, во продолжение ви издвојуваме 15 песни на овој легендарен музички уметник, кои на некој начин ја одбележаа неговата кариера и без кои не можеше да помине ниту еден од неговите концерти.
„Балони“
„Поета“
https://www.youtube.com/watch?v=Fnd5-4a3Gks
„Тко сам ја да ти судим“
„Кад ми доџеш ти“
„Траг у бескрају“
„Без тебе“
„Шта то бјеше љубав“
https://www.youtube.com/watch?v=eRHi7sIXGFk