Сиа, Daft Punk, Брејча - Музичари и бендови кои речиси никогаш не го покажуваат нивното лице

Lordi

Се сеќавате на Евровизија 2006-та? Lordi е хард-рок бенд од Финска кој во 2006-та победи на Евровизија.

Бендот постои од 1992-ра година, а членовите се кријат зад чудовишни маски и костими. Костимите се направени од главниот вокал и неговата сопруга.

Еднаш еден фински весник го откри вистинското лице на главниот пејач, но на големо изненадување на сите, јавноста се разочара и почнаа да го бојкотираат весникот.

muzichari-i-bendovi-koi-rechisi-nikogash-ne-go-pokazhuvaat-svoeto-lice-07.jpg

Борис Брејча

Германскиот диџеј е можеби најдобриот електронски изведувач на денешницата.

Кога настапува, Брејча се појавува со бела (малку морничава) маска.

На прашањето зошто решил да носи маска, Брејча вели дека сакал да се истакне и да биде поразличен од неговите колеги.

Првата маска, пак, ја купил на карневалот во Бразил и оттогаш го носи истиот модел.

muzichari-i-bendovi-koi-rechisi-nikogash-ne-go-pokazhuvaat-svoeto-lice-08.jpg

Marshmello

Личноста зад Marshmello најверојатно е Кристофер Комсток, иако тој самиот го нема потврдено тоа.

Диџејот е познат по електронската музика, но и покрај огромната популарност изминативе 2-3 години, одбива да открие дали навистина е Кристофер.

Има изјавено дека инспирацијата за маската ја добил од други артисти, како Deadmau5.

muzichari-i-bendovi-koi-rechisi-nikogash-ne-go-pokazhuvaat-svoeto-lice-09.jpg

Gorillaz

Членовите на Gorillaz не се кријат зад маска, туку тие се измислени анимирани ликови.

Кога го издаде првиот албум, бендот доживеа светски успех и многу фанови беа убедени дека сите анимирани членови постојат и во реалноста.

Сепак, „мозокот“ зад Gorillaz се главниот вокал на Blur - Дејмон Албарн и дизајнерот Џејми Хјуит.

muzichari-i-bendovi-koi-rechisi-nikogash-ne-go-pokazhuvaat-svoeto-lice-10.jpg

Deadmau5

Вистинското име на канадскиот диџеј Deadmau5 е Џоел Томас Зимерман.

Некои веруваат дека тој ја „оживи“ електронската денс музика во раните 2000-ти.

Во 2002-ра, тој станал познат како „the dead mouse guy“ (момчето со мртвиот глушец), откако на интернет напишал дека нашол мртов глушец во неговиот компјутер.

Набрзо потоа почна да го користи името Deadmau5 и настапува со огормен шлем кој наликува на глава од глушец.

muzichari-i-bendovi-koi-rechisi-nikogash-ne-go-pokazhuvaat-svoeto-lice-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Нова песна и спот на Дупер: „Кажи ми во лице“ Скопје, 05.01.2024 – Борис Какуринов и Илчо Нечовски очигледно го имаат тајниот ...
Наташа Миха со нова песна - Слушнете ја „Инферно“ После година дена од објавувањето на нејзиниот албум „10 Љубови“, Наташа Миха се...
Лена - нов музички артист на нашата сцена Нашата земја е преполна со музички таленти и ни е навистина драго што имаме квал...
Антониа Гиговска инспирирана од вистински животни приказни: Слушнете ја моќната „Жена” (видео) Бура од позитивни коментари после одличното претставување на младата музичка ѕве...
Нов сингл и видео: „Ван Гог“ ја претстави песната „Луд и сам“ Ѓуле: „И не ми е жал што летаат годините, кога сѐ уште истата глад за живот...
Промоција за нова песна и видео спот на Славчо Крежески – Одведи ме дома Славчо Крежески е музичар и музички ентузијаст роден во Струга, но подолг период...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg