Дамите на албанската поп-музика кои испишуваат нова музичка историја (фото)
Рита Ора, Дуа Липа и Бебе Реџа можеби ги испишаа Албанија и Косово на светската музичка мапа, но нашите соседи можат да се пофалат со уште многу квалитетни пејачки.
Тие се талентирани, изгледаат неверојатно, имаат одличен моден стил и ја растураат сцената каде и да се појават.
Публиката ги обожува, на Инстаграм ги следат милиони луѓе, а овие се причините зошто:
Елвана Ѓата (Elvana Gjata)
32-годишната популарна пејачка од Тирана учествуваше на албанскиот фестивал Festivali i Këngës 58 на којшто се бира учесник за Евровизија 2020. Зад себе има 2 албума: Afër dhe Larg и 3.
Особено беше актуелна со летниот хит Meine Liebe кој го испеа со Ardian Bujupi.
https://www.instagram.com/p/B4c65AWnepn/
https://www.instagram.com/p/Bzf-KoLHYdn/
https://www.instagram.com/p/BzVDMEbnA9K/
Ера Истрефи (Era Istrefi)
Има само 25 години, родена е во Приштина, со завидна кариера зад себе и покрај возраста. Нејзините албуми E dehun, Mani për money, Bonbon EP, Gzone Rainbow Anthems, Vol. 2, Ultra 2018, ја прославија и покрај тоа што ја сметаат за прилично контроверзна пејачка, особено после издавањето на спотот „E Dehun“.
Сепак, на македонската јавност ѝ е најпозната по песната Bonbon и јакната која Ера ја носеше во спотот, а стана апсолутен моден хит таа сезона.
https://www.instagram.com/p/BuUICGaj0Ng/
https://www.instagram.com/p/Bz6J7KSFjdG/
https://www.instagram.com/p/BzoFZ2SFnxM/
Дафина Зекири (Dafina Zeqiri)
Ја нарекуваат уште и DUFFYE, а за неа велат дека го има можеби најдобриот глас помеѓу албанските пејачки. Има 30 години, а родена е во Варберг, Шведска.
Има исклучително впечатлив моден стил, интересни тетоважи, а во моментов е актуелна со хитот Vuj vuj vuj, кој за една недела собра над 2.5 милиони прегледи.
Пее на албански и англиски јазик, а досега има издадено 3 албуми: Knock Down, Just Me и King EP (2017).
https://www.instagram.com/p/B4VLtamB7XZ/
https://www.instagram.com/p/B3rwMCyhZiV/
https://www.instagram.com/p/B1LykR8hJF6/