Дамите на албанската поп-музика кои испишуваат нова музичка историја (фото)
Алтуна „Туна“ Сејдиу (Altuna Sejdiu)
Туна ѝ е одлично позната на македонската публика откако за првпат ја видовме и слушнавме во шоуто на М2-Потрага по таленти. Родена е во Скопје, има 34 години и е особено активна на албанската и косовската музичка поп сцена.
Интересно е што во 2015 година Туна победи во албанската верзија на Dancing with the Stars, а на Инстаграм во моментов ја следат над половина милион луѓе. Нејзината последна песна е Amoni.
https://www.instagram.com/p/BxAOKkfn9TP/
Џенсиља Муртезај (Xhensila Myrtezaj)
Оваа 26-годишна пејачка во моментов е актуелна со најновата песна Paris. Минатата година таа стана мајка, а мажена е со познат албански актер и комичар Besart Kallaku. На Инстаграм ја следат неверојатни 1.5 милиони следбеници.
Нора Истрефи (Nora Istrefi)
Нора е постара сестра на Ера Истрефи и има 33 години. Родена е во Приштина, а во моментов е актуелна со песната Anna која излезе на 20 декември, а за 2 дена имаше неверојатни 2 милиони прегледи на YouTube.
Зад себе има 2 албуми: The Best of Nora, Hite 1 Dea.
(О)Милена | Црнобело