Родена во Мароко, живее во Париз – Откријте повеќе за животот на инспиративната пејачка Хинди Зара
Родена во јужен дел на Мароко, еманципираната и космополитски настроена Хинди Зара, живее номадски живот. Пејачката и текстописец со слободен дух своето животно искуство го преточува во музика.
Поради својот квалитет, често е споредувана со Били Холидејс, Џенис Џоплин и Пети Смит. Во 2010 година го издава својот прв соло албум „Handmade“, заедно со синглот „Beautiful Tango“, а неколку години подоцна го издава и вториот албум, насловен „Homeland“.
Во продолжение следува листа со факти поврзани со животот на Хинди Зара.
- Иако е родена во Мароко, денеска Хинди Зара живее во Париз.
- Роднините на Хинди Зара се музичари кои ја создале мароканската психоделична сцена.
- Уште како дете, Хинди секојдневно била на пат со нејзините родители и доаѓала во контакт со спектарот на мароканската музика.
- Нејзините идоли: Ела Фицџерал и египетската дива Оум Калтум.
- На почетокот свирела како уличен уметник покрај реката Сена.
- Хинди Зара се залага музиката од својата родна земја да ја искачи на едно повисоко ниво, да воведе нови инструменти, особено пијано и електрична гитара и да создаде хармоничен спој од разновидни инструменти.
- Британското списание „Wire“ песната „Beautiful Tango“ ја издвојува како една од најдобрите од албумот „Handmade“.
Секогаш инспиративната Хинди Зара пристигнува ова лето на Д Фестивал. Пејачката која ги спојува мароканската и париската сцена, на 14-ти јули ќе одекне во живо на главната сцена на Д Фестивал.
Покрај неа ќе настапат и други музички ѕвезди како Mahmut Orhan, Ofenbach, Tom Novy, Akua Naru, Napalm Death, Кирил Џајковски, Влатко Стефановски, Суперхикс, Страјк, Vojko V, Captain Hook и уште многу други кои ќе настапат од 12-ти до 14-ти јули во Дојран.
Автор: Е. Х. | Црнобело