Тамара Тодевска прогласена за најдобар женски изведувач на Евровизија 2019
Уште еден доказ дека настапот на Тамара Тодевска и нејзиниот моќен вокал оставија силен впечаток на евровизиската сцена во Тел Авив.
Од 1-ви до 10-ти јуни слушателите на радиото ESC (Eurovision Song Contest) гласаа за најдобар женски изведувач, најдобар машки изведувач и најдобра група на Евровизија 2019.
Овие награди се доделуваат од 2006 година, па наваму, а годинава имавме чест токму нашата Тамара Тодевска да ја понесе титулата најдобар женски изведувач на Евровизија.
Со 23.3% од гласовите таа се најде на првото место.
Инаку, Тамара беше победник од жирито годинава.
За најдобра песна беше прогласена „Arcade“ на холандскиот претставник и победникот на Евровизија Данкан Лоренс, најдобар машки изведувач беше Лука Хани од Швајцарија, а најдобра група KEiiNO од Норвешка.
На оваа листа нашата песна „Proud“ се најде на 5-тото место.
Како изгледаа листите:
Најдобар машки изведувач
Најдобра група:
Најдобра песна:
С. С. | Црнобело