10 видео-спотови на Мадона кои ја обележаа историјата
Мадона остави неизбришлива трага во поп културата. Ја критикувале, ја фалеле, ја мразеле и ја сакале. Но таа секогаш остана доследна на себе.
Во текот на кариерата менувала многу стилови, фризури и бои и ги поставувала модните трендови од панк-здолништа, преку црн латекс, до егзотични кимона.
Никој до тогаш не влијаел на модата како Мадона, која останала дрска и арогантна девојка, решена да го освои светот. Својата кариера ја градела со стратегија на шок и жестоки контроверзии.
Овие 10 видео-спотови на Мадона ја одбележаа ерата на MTV и неповратно ја променија поп-културата.
1. „Express yourself“ (1989)
Првата соработка со Дејвид Финчер е нејзината најамбициозна употреба на видео-форма (со вкупна сума од 5 милиони долари, што воедно било и најскапото видео некогаш снимено).
Под силното влијание на филмот „Метрополис“ на Фриц Ланд од 1927 година, овој видео-спот со својот надреален пејзаж претставува совршена комбинација на експресионистичките импулси на Финчер и променливите форми на Мадона.
2. „Ray of light“ (1998)
„Тоа веројатно било најдолгото снимање досега"- изјавил Јонас Окерлунд, кој патувал на релација Њујорк - Лос Анџелес - Лас Вегас за потребите на овој видео-спот, односно timelapse ефектот.
3. „Like a prayer“ (1989)
Горење на крстови, стигмати, оживување на икони и препуштање на телесните задоволства. Овој видео-спот предизвикал толкава конфузија што Пепси ја повлекле рекламната кампања вредна 5 милиони долари.
Мадона накратко ја објаснила целта на видеото во изјавата за New York Times: „Уметноста треба да биде контроверзна. Тоа е сè ".
4. „Papa Don’t Preach“ (1986)
Со ова видео Мадона почна да ги разбира видео-спотовите како кратки филмови, наместо промотивни клипови. Во видеото Мадона глуми тинејџерка која крие непланирана бременост од строгиот татко.
5. „Material Girl“ (1985)
Омаж за Мерилин Монро, кој и сам стана класик.