Невена Божиновиќ по третпат ќе ја претставува Србија на Евровизија (видео)
„Круна“ е песната со која Невена Божиновиќ ќе ја претставува Србија на Евровизија 2019-та, а открива дека истата е посвета за нејзиното момче.
Невена Божиновиќ победи на Беовизија 2019 со песната „Круна“, која ја напишала сама, а по победата, открила дека оваа година ќе се омажи за својот избраник, пилотот од Будва, Никола Ивановиќ.
„Се чувствувам феноменално. Не можам да си дојдам на себе, не го очекував ова. Морам да им се заблагодарам на сите. Ова е песна за мојот Никола.“ – низ солзи изјавила пејачката и открила дека песната е посветена за нејзиното момче кое ќе го земе со неа во Израел.
Инаку, младата Невена оваа година по третпат ќе ја претставува Србија на Евровизија, со оглед на тоа што во 2007-ма учествуваше на детската и зема трето место, а во 2013-та заедно со групата „Моје три“.
„Сега имам уште поголема одговорност бидејќи добив трета шанса да победам на Евровизија, така што ќе го дадам најдоброто од себе. Знам што ме чека, бидејќи сум го поминала тоа.“
Слушнете ја евровизиската песна со која Србија ќе се претстави во Тел Авив:
Погледнете ги и нејзините претходни настапи на Евровизија:
М. М. | Црнобело