Кога ќе си ги испееш најдлабоките емоции - 25 години од култната „Не допирај ме“ на Маја Оџаклиевска

Пејачката која го поседува еден од најуникатните гласови на Балканот, огнената дама Маја Оџаклиевска е родена на 21 април 1954 година, а растела покрај Вардар и стариот скопски театар.

25-godini-od-kultnata-Ne-me-dopiraj-na-Maja-Odzaklievska-01.jpg

Маја долги години наназад живее и работи во Белград. Во текот на нејзината богата кариера испеала многу хитови, како „Шила“, „Многу солзи“, „Лиду ду“, „Сребрени улици“.... но, самата признава дека една од најдрагите ѝ е токму песната „Не допирај ме“ со која го освои првото место на Скопскиот фестивал во далечната 1994 година.

Музиката е на Григор Копров, а текстот го напишала самата Маја. Во неа ги вложила сета своја енергија и емоции. Песната е премногу лична, искрено доживување и случување од реалниот живот на поп дивата. Таа е огледало на емотивната фаза која ја поминувала Оџаклиевска во тој временски период, а интерпретацијата остава без зборови.

Хитот оваа година полни 25 години, а сè уште звучи свежо, модерно, едноставно безвременски. Така е со сите големи и квалитетни песни, нели?

Слушнете уште неколку хитови од поп дивата Маја Оџаклиевска:

Budi dobar, kao sto sam ja

https://www.youtube.com/watch?v=kgzNvpVM8GY

Шила

Сребрени улици

Многу солзи исплакав

Лиду ду

https://www.youtube.com/watch?v=69PNFZUoObE

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

"Живее спомен" - новата песна и видео запис на Тамара Волческа На 10.03.2024 година, во 12:00 часот, Тамара Волческа ја промовираше својата нов...
Македонски песни совршени за прв свадбен танц Песната за првиот свадбен танц треба да биде романтична, да допре до срцата на п...
Спотот на Ламбе Алабаковски за преработката на „Дејгиди луди млади години“ Ламбе Алабаковски оваа успешна музичка година ја заокружува со својата верз...
Шлолските другри се споија и направија музичка уметност: Слаткар и Некст Тајм ја објавија „Океани” (... Се познаваат повеќе од 30 години, ги делеле школските клупи, заедно пораснаа на ...
Нов сингл и видео: „Ван Гог“ ја претстави песната „Луд и сам“ Ѓуле: „И не ми е жал што летаат годините, кога сѐ уште истата глад за живот...
Преработки на македонски песни кои будат носталгија - Кои хитови добија модерни верзии? Тамара ја препеа „Шила“ од Маја Оџаклиевска, Каролина испеа своја верзија на пес...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg