„Не сум глумец како Џон Траволта, ама пијам едно литро жолта“ - „Најинвентивните“ македонски песни од машки изведувачи
Македонската естрада е неисцрпен извор на неверојатни музички парчиња. Доколку за момент помисливте дека на списокот може да се најде Сашо со „Не ги гаси свеќите“ или „Мојата мајка не спие, твојата мирно сонува“, може да здивнете.
Овие практично заслужуваат награда, наспрема богатиот репертоар којшто следува. Секако, ги споменуваме и Брајан, Ристе од Припор, групата Амбасадори и уште многу други изведувачи, чии песни за жал не може да се пронајдат во етерот.
Ве охрабруваме да додадете уште некоја на списокот на најинвентивни македонски песни во пакет со музиката и стиховите:
Никола Конзулов – Сакам, сакам, сакам
Омилен стих: Сакам, сакам, сакам, е баш и не те сакам...
Сотир Лалевски – Нема крај
Омилен стих: Само кажи јес! Симни се пред влез.
Макавели - Луѓето не можат никогаш да сфатат
Омилен стих: ... барем еднаш на Господ поштовање да му направат.
Кисми – Курназ Томче
Омилен стих: (Цела прва строфа) Не сум глумец како Џон Траволта, ама пијам едно литро жолта.
Сиот живот само жени бркам, барем дрога не сакам да шмркам.
Роџер Брадрс - Здраво дечки
Омилен стих: Девојките ме сакаат дека личам на Лени Кравиц.