3 нешта што му се случуваат на мозокот кога слушате празнична музика
Како што наближува Нова година, така и новогодишните и божиќните песни и мелодии може да се чујат речиси од секој агол.
Продавниците се полни со празнични украси, телевизиите со новогодишни реклами, а за волја на вистината, дури и самите често ги преслушувате божиќните албуми на Мараја Кери, Селин Дион или Френк Синатра.
Како сето тоа влијае врз вашиот мозок?
Ви се активира „празничниот центар“ во мозокот
Во 2015 година, група дански научници откриле дека во мозокот постои центар од кој „извираат“ празничните емоции. Него го стимулираат божиќните песни, мирисот на снегот, на елките, како и боите на украсите.
Овие емоции поттикнуваат добро расположение и среќа, особено за оние кои ги сакаат овие празници.
Вашиот мозок ужива во познати звуци
Новогодишните и божиќните мелодии ги памтите уште од детството, што од приредбите во училиште, што од музичките честитки. Овие звуци се поврзани со времиња кога ви било убаво и со задоволство се сеќавате на нив.
Така, кога и да ја чуете „Let It Snow“ или „Jingle Bells“, во вас се будат топли емоции и успевате да се релаксирате од секојдневието.
Тој сака да имитирате ритам
Комбинацијата на звучна дразба и на поттикнати емоции прави да реагирате на сето тоа, односно во празничниот период да танцувате и да се радувате.
Сигурно сте забележале дека познатите празнични песни никогаш не ве прават тажни и потиштени, туку напротив, ве „креваат“ и ви помагаат да ги „имитирате“ емоциите кои се содржат во мелодијата и текстот.
Е. Д. | Црнобело