На кои песни телото почнува самото да ви игра?
Постојат многу т.н. „универзални песни“ кои се подеднакво популарни на сите континенти. Песни кои ги слушаме на скоро секоја забава, оние чии почетни тактови ни се доволни за да станеме и да се размрдаме со играње, дури и оние кои се родени со „две леви нозе“.
Columbia Business School во соработка со француското бизнис училиште INSEAD спровеле истражување со цел да ги откријат најигривите песни.
Во текот на истражувањето користена е технологијата со дигитална обработка Echonest која помогнала во идентификацијата на атрибутите на песните, како инструментализацијата и клучниот потпис.
Специјален алгоритам одлучувал колку песната е игрива и дали е заснована на темпо и ритам.
Анализирани биле песни кои се појавиле на Билборд листата од 1958 година па сè до денес, а алгоритмот ја пресметал игривоста на 90% од песните кои се нашле на оваа престижна листа.
Ова се песните на кои колковите започнуваат сами да се нишаат:
Give It To Me, Timbaland (2007)
SexyBack, Justin Timberlake (2006)
Hot In Herre, Nelly (2002)
Ice Ice Baby, Vanilla Ice (1990)
https://www.youtube.com/watch?v=w69cBHRso5M