Британската морнарица ги плаши пиратите со песни од Бритни Спирс и уште 29 факти за музиката
Музиката е секојдневен дел од нашите животи. Таа го прави животот подобар, и е тука за нас во најтешките времиња.
Неколку факти за музиката, кои можеби не сте ги знаеле:
- Во 2013, тим од универзитетот Мек Гил, истражил 400 научни трудови за музиката и мозокот. Се покажало дека слушањето на музика го подобрува имунитетот кај возрасните.
- 20% од луѓето во светот имаат свирено во бенд во некој дел од нивниот живот.
- Најпознатиот леворак гитарист – Џими Хендрикс пишувал со својата десна рака.
- Моцарт (да, тој Моцарт) во 2016-та продал повеќе музички ЦД-а од Beyonce.
- Слушањето на тажни песни предизвикува повеќе носталгија, отколку тага
- За секои 1.000 долари од продажба на музика, просечниот музичар заработува 23,40 долари.
- Рекордот за најбрзо рапување е поставен во 2005 од страна на раперот NoClue кој изрецитирал 723 слогови за 52,27 секунди.
- Слушањето на музика може да има мало, но значајно влијание врз спортскиот перформанс.
- Во 51,5% од случаите, причината за смрт кај раперите е убиство.
- Неколку истражувања покажале дека кога џез музичарите импровизираат, нивните мозоци се гасат.
- Рекордот за најдолгата нота некогаш отснимена на саксофон го држи Кени Џ. Тој во 1997-ма ја отсвирел „снижено Ми“ цели 45 минути и 47 секунди.
- Истражување во 2007-ма покажало дека музиката (особено класичната) им помага на растенијата побрзо да растат.
- Првото испечатено музичко ЦД во САД е албумот на Брус Спрингстин „Born in the USA“.
- Најскапиот инструмент во светот е „Stradivarius“ виолина, која што е продадена за 15,9 милиони долари.
- При формирањето на бендот D12 се планирало да се соберат 12-те најдобри рапери во Детроит, но се собрале само 6, па морале да си смислат прекари. Поради ова, Еминем станува „Slim Shady“
- Слушањето на музика додека вежбате значително ја подобрува вашата физичка способност.
- 5% од луѓето во светот имаат биолошки презир кон музиката наречен „музичка ангедонија“.
- Монако има поголем оркестар, отколку армија.
- Куќните муви зујат во клучот Фа.
- Во 19,3% од случаите, причината за смрт кај металците е самоубиство.
- Слушањето на тажна или весела песна, не само што влијае на вашето расположение, туку може и да го смени погледот кон светот околу вас.
- Музиката помага при учењето на нов јазик.
- Британската морнарица користи песни од Бритни Спирс за да ги исплаши пиратите од Сомалија.
- Брзата музика ќе ве натера да пиете побрзо, а гласната музика во бар ќе ве натера да пиете повеќе за пократко време.
- Појавата кога ќе ви се „заглави“ песна во главата, се нарекува „Earworm“ (во превод: ушен црв).
- Универзитетот Хериот-Ват, дошол до заклучок дека љубителите на класичната музика и љубителите на хеви метал музиката се многу слични (барем психолошки).
- Јапонскиот збор „караоке“ доаѓа од фразата „празен оркестар“.
- Ученици имале подобри резултати на тест после едночасовна лекција со класична музика во позадината од оние кои го учеле истото, само без музиката.
- Музиката која ве накострешува, може да ве направи по дарежливи.
- Финска има повеќе хеви метал бендови по глава на жител од било која друга земја во светот. (пфф ништо ново).
еНВи | Црнобело